Димитров во посета на Данска, Шведска и Финска

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров од денеска до 17 август ќе претстојува во работна посета на Кралството Данска, Кралството Шведска и Република Финска.

Како што соопшти МНР, во рамки на регионалната турнеја Димитров на своите нордиски колеги ќе им ги претстави стратегиските приоритети на новата реформска Влада насочени кон враќање на европската и евроатлантската перспектива на Република Македонија и нејзините граѓани.

Главниот акцент во разговорите ќе биде ставен на обезбедувањето на што е можно поголема помош од пријателските нордиски демократии, за поефикасно и потемелно спроведување на реформите, како и нивна засилена поддршка за што поскоро придвижување на процесите на интеграција во ЕУ и НАТО.

На средбите ќе бидат разменети мислења и околу можностите за понатамошно интензивирање на политичкиот дијалог, унапредување на билатералните односи и соработката во повеќе области од интерес, информира МНР.

Би можело да ве интересира

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија

Воздушниот простор над Израел затворен за цивилни летови, МНР и Амбасадата во Тел Авив апелираат до македонските државјани да ги следат информациите и да ги контактираат за помош

Предраг Петровиќ