ДИК утре на генерална проба, ќе прави симулација на изборниот ден по протокол

Од:

Со цел да покажат на граѓаните дека е безбедно да излезат на гласање, Државната изборна комисија (ДИК) утре ќе направи симулација на изборниот ден според протоколите за заштита од Ковид – 19. Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски вели дека симулација на гласањето на 15 јули ќе направат на едно гласачко место.

„ Симулацијата ќе биде во Центар, на гласачко место во средното училиште ’Јосип Броз Тито’ На гласачкото место ќе има комплетен избирачки одбор, ќе покажеме дека на гласање треба да се дојде со маска, да се направи дезинфекција на влез и на излез, ќе има редари кои ќе внимаваат на дистанца, ќе има гласачко ливче и се што всушност ќе има на денот на изборите на гласачкото место“, вели претседателот Деркоски во изјава за „А1он“.

По генералната проба за изборите, во петок, ќе почне комплетна дезинфекција на сите избирачки места, согласно протоколот за заштита од коронавирусот. Деркоски очекува дезинфекцијата да заврши до недела, односно избирачките места да бидат дезинфицирани пред во нив да влезат избирачките одбори.

„На симулацијата на гласачкото место ќе има комплетен избирачки одбор, ќе покажеме дека треба да се дојде со маска, да се направи дезинфекција на влез и на излез, ќе има редари кои ќе внимаваат на дистанца“, вели Оливер Деркоски, ретседател на ДИК

Уште една дезинфекција на избирачките места е предвидена по завршување на изборите. Избирачките места се главно сместени во фискултурни сали во училиштата каде што има доволно простор за одржување дистанца и можност за често проветрување.

„ Само мал дел гласачки места се сместени во училишни ходници, главно сите се во фискултурните сали на училиштата. Имаме и неколку изнајмени простории од приватници. Нивната бројка е мала, а се работи за простории од 40 – 50 квадратни метри, нешто што сме го правеле и досега. Имаме проблем со организирање на просторот согласно протоколите само во некои рурални средини, каде што нема услови да ги примениме протоколите, но тоа се рурални гласачки места со по 15 – 20 запишани гласачи од кои на гласање излегуваат едвај половина, па затоа сметаме дека нема да има некој поголем проблем“, рече Деркоски.

На веб – страницата на Државната изборна комисија, заклучно со вчеравечер се пријавиле 19 лица кои се во изолација, а сакаат да гласаат. Деркоски вели дека се пријавени и 1400 болни. И едните и  другите имаат рок до утревечер, 8 јули, на полноќ да се пријават.

Лицата кај кои кронавирусот ќе биде потврден меѓу 8 и 15 јуни нема да имаат можност да се пријават да гласаат.  Според официјалните податоци на  Центарот за управување со кризи во изолација има 5097 граѓани, а 1704 лица во моментов се во самоизолација.

За оние кои ќесе пријават да гласаа, гласањето ќе се организира по посебни протоколи, со медицинска екипа од тројца и ќе биде организирано во нивните домови на 13 јули.

Предвремените парламентарни избори, десетти по ред од осамостојувањето, ќе се одржат в среда на 15 јули.

Би можело да ве интересира

Лавина од реакции по потпишувањето на протоколот со Русија: Ова е обид да се дисциплинира Србија

А1он

Европратеникот Ковачев: Историските препораки се задолжителни услови во преговарачката рамка

Орце Костов

Бујар контра Османи: Како министерот седум дена манипулира дека „утре“ ќе го објави протоколот

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Маричиќ го демантираше Османи дека протоколот е усогласен со Генчовска

Орце Костов

(ВИДЕО) Османи: Ако владата го усвои предлогот, јас брзо ќе го потпишам протоколот со Бугарија

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: Со овој предлог сме во далеку поповолна позиција

Орце Костов