ДИК: Излезноста до 15 часот е 34,87 oтсто

Од:

Излезноста на седумте избирачки места каде денеска се прегласува за парламентарните избори до 15 часот е 34,87 отсто, соопшти Државната изборна комисија.

Од вкупно запишаните 4.514 гласачи гласале 1.574 гласачи. Во споредба со гласањето на 8 мај, на ова прегласување се забележува зголемена излезеност за 1,21 отсто на овие избирачки места.

Најголема излезност има на избирачкото место во Желино каде гласале 428 гласачи односно 43,10 отсто, а најмала е излезноста во Крушево на избирачкото место 1202 каде до 15 часот гласале 67 гласачи односно 22,48 отсто.

– Во ИМ 2101 во Желино гласале 428 гласачи, односно 43,10 проценти. Во ИМ 1194 во Крушево гласале 197 гласачи, односно 42 проценти. Во ИМ 1202 во Крушево гласале 67 гласачи, односно 22,48 проценти. Во ИМ 1272 во Охрид гласале 226 гласачи, односно 31,79 проценти. Во ИМ 1470 во Долнени гласале 173 гласачи, односно 26,29 проценти. Во ИМ 1470/1 во Долнени гласале 184 гласачи, односно 29,11 проценти. Во ИМ 1844 во Струга гласале 299 гласачи, односно 39,71 проценти, информираат од ДИК.

Би можело да ве интересира

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Борисов со убедливо водство на изборите во Бугарија

A1on

„Галуп“ предвидува победа на ГЕРБ на изборите во Бугарија

A1on

Првична поекција на изборните резултати за Европскиот парламент: Либералите и Зелените во минус

A1on

Во Словачка се отворени избирачките места за изборите за Европскиот парламент