Десковска: Поздрав до фотографката, на митинг бев со приватно возило

Од:

Министерката за правда, Рената Десковска демантираше дека на митингот била со партиско возило како што пишуваа одредени медиуми, а поради што ВМРО-ДПМНЕ побараа оставка.

-Секој вистински новинар прво ќе знае дека министрите немаат на располагање службени мерцедеси, туку пасати.

Второ, со обична проверка на регистрацијата лесно ќе утврди дека мерцедесот со кој “ме фатиле жива” е во приватна сопственост, а не е службено возило.

Продуцирањето на лажни вести од некој што сака да се нарече медиум, само говори за неговата кредибилност.

Така што, вистината е следна: бев на митинг денес, но не со службено возило, туку ме зедоа сопартијци со нивно приватно возило.

П.С. Поздрав до фотографката, напиша на Фејсбук министерката за правда.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: ЕУ е единствена шанса за вистински и суштински промени во Македонија

Орце Костов

(ВИДЕО) Пендаровски: Мицкоски пред некој ден повика на формирање на семакедонски патриотски фронт, исто како во времето на режимот

Орце Костов

(ВИДЕО) Пендаровски: Мицкоски и Силјановска пред странските дипломати велат дека ќе го сменат Уставот, а народот го лажат дека нема да прават промени

Орце Костов

Дескоска избрана за потпретседателка на Поткомисијата за судство на Венецијанската комисија

Лога реагира на објавата на Дескоска: Во темнината пишуваат законски измени за да го уништат правосудниот систем, во светлината држат предавања за правдата

„Седи кец“ – Рената Дескоска за Извештајот на Европската комисија