(ВИДЕО) Ковачевски: ЕУ е единствена шанса за вистински и суштински промени во Македонија

Од:

„СДСМ го обезбеди членството во НАТО! СДСМ ги отвори преговорите со ЕУ по 17 години чекање. Ние докажавме дека нема откажување од европскиот пат“, истакнапретседателот на СДСМ и носител на листата во Изборната единица 1 на Коалицијата за европска иднина, Димитар Ковачевски, на денешниот централен митинг, кој симболично се одржа пред седиштето на ЕУ во Скопје.

https://www.youtube.com/live/hPBisTdh_8A

Ковачевски им порача на граѓаните дека членството во ЕУ е единствена шанса за вистински и суштински промени во нашето општество.

„Знаеме дека патот до ЕУ не е лесен. Свесни сме дека ЕУ не секогаш беше фер кон нас. Но, дали тоа значи дека треба да се откажеме? Апсолутно не! Со заеднички сили ќе ја придвижиме државата кон Европската Унија“, рече Ковачевски.

Говорејќи за односот на опозициската ВМРО ДПМНЕ во клучните моменти за државата, Ковачевски рече дека додека СДСМ ја внесуваше државата во НАТО и ги отвораше преговорите со ЕУ, Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ ги заплашуваа граѓаните дека ќе останеме без јазик, без идентитет и без култура.

„Докажавме дека таква опасност не постои. Македонскиот јазик е зачуван! Македонскиот идентитет не е чепнат! Македонската култура е призната и препознаена во целиот свет! Затоа нудиме и бараме национален консензуз, за да се спротивставиме на силите и луѓето кои сакаат Македонија да ја направат повторно своја приватна фирма, свој криминален вилает, за да крадат и грабаат!“, истакна Ковачевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: По сите пропусти во Гостивар, Мицкоски сега бара алиби во експертите

Горан Наумовски

СДСМ: По Гостивар, Крушево, Маврово и белата пена во Вардар, сега и Булачани – Мицкоски, Тошковски и ВМРО-ОКГ ја отруја цела Македонија

СДСМ: Кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува поскапување

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Мицкоски ја труе Македонија – СДСМ бара 5 милиони евра од прославата со пејачи да се пренаменат за чиста вода

А1он