Дескоска: ВМРО-ДПМНЕ да ги чуе препораките од Брисел за СЈО

Од:

Сите пораки што ги добиваме од ЕУ се дека СЈО треба да продолжи да работи како посебно обвинителство, рече министерката за правда, Рената Дескоска, пред денешната средба со претставници на ВМРО-ДПМНЕ, кои поднесоа 65 амандмани за законот за СЈО.

„И денешното укажување од страна на амбасадорот Жбогар е во таа насока – дека може да се надеваме на поддршка од Брисел, само ако СЈО остане посебно, со траен мандат и конкретни надлежности. Се надевам дека овие пораки ги слушаат и од ВМРО-ДПМНЕ оти ова ќе биде услов за отворање на преговорите со ЕУ. Не може да прифатиме закон што ќе биде за лични интереси. Законот мора да има стандарди и тоа е црвената линија од која не можеме да отстапиме“, рече Дескоска.

Министерката за правда рече дека не е прифатлив амандманот на ВМРО-ДПМНЕ со кој се бара сите истраги да бидат стопирани од формирањето на СЈО досега. Таа додаде дека ќе имаат средба и со осумте независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, од кои очекува поддршка за законот.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи