Дескоска: Уредбите со законска сила може да регулираат и дејствија по завршувањето на вонредната состојба

Од:

Уредбите со законска сила може да регулираат и дејствија кои би се презеле во рокови и по завршувањето на вонредната состојба, односно да регулираат мерки кои ќе имаат правно дејство и по завршување на вонредната состојба, а тоа се однесува и на мандатот на ДИК, вели министерката за правда Рената Дескоска.

-Укажувам дека Уставниот суд веќе се изјасни за времетраењето на уредбите со законска сила. Одлучувајќи да ја отфрли иницијативата за Уредбата со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, Уставниот суд оправдано прифати дека не е неуставно уредбите со законска сила да може да регулираат и дејствија кои би се презеле во рокови и по завршувањето на вонредната состојба, односно да регулираат мерки кои ќе имаат правно дејство и по завршување на вонредната состојба, напиша на својот фб профил Дескоска во врска со зачестените прашања за времетраењето на уредбите.

Ваквиот став на Уставниот суд, додава таа, е особено значаен за многу од мерките кои беа преземени за справување, особено со економските последици од епидемијата со Ковид – 19, бидејќи е јасно дека е неопходно тие да имаат правно дејство и по завршување на вонредната состојба се до свикување на Собранието на Република Северна Македонија кое ќе може овие прашања да ги регулира со свои акти.

Таа потсетува дека, исто така, со Решението У.бр42/2020, Уставниот суд се изјасни и по однос на Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес и одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста.

-Уставниот суд вели: „очигледно е дека продолжувањето на мандатот на членовите на Државната изборна комисија се протега на период по завршување на вонредната состојба, но тоа е во согласност со целта заради која е донесена оваа мерка – непречено спроведување на предвремените избори за пратеници по престанокот на вонредната состојба, поради што има свое оправдување кое нема основ уставно-правно да се проблематизира, децидна е Дескоска.

Продолженото времетраење на правното дејство на уредбите со законска сила и по завршувањето на вонредната состојба, според неа, е во случаи кога со тие акти се уредува материја која е тесно поврзана со причината која предизвикала настанување на вонредната состојба и ако е соодветна мерката, како и ако уредбата со законска сила не „затвора“ некој правен однос настант пред прогласувањето на вонредната состојба.

-Мандатот на ДИК продолжува, матурантите може да бидат мирни – врз основа на уредбата ќе се запишат во септември на факултет без матурски испит, а оние кои примаат парична помош врз основа на уредба – ќе продолжат да ја примаат и понатаму, порачува министерката Дескоска.

Би можело да ве интересира

Пендаровски прв на гласачкото ливче, ДИК ја одреди ждрепката за првиот круг

Орце Костов

ДИК ги потврди кандидатурите за претседател на државата

Горан Наумовски

ДИК треба да ги потврди претседателските кандидатури

Катерина Ѓуровски

Заврши увидот во Избирачкиот список и регистрацијата на гласачите од дијаспората

ДИК за ставањето на Јакимовски на црната листа на САД: Условите за избор на претседател се содржани во Уставот

Предраг Петровиќ

ДИК: Увид во Избирачкиот список направиле 46 584 лица, рокот за проверка на податоците истекува на полноќ