Денеска електронска аукција за избор на нов универзален снабдувач со струја

Од:

Електронска аукција на која услов за добивање на тендерот за избор на нов универзален снабдувач со електрична енергија е да се понуди профитна маржа пониска од 11,5 отсто, колку што изнесува маржата на досегашниот универзален снабдувач „ЕВН Хоум“, денеска ќе се одржи во Скопје.

За повикот покрај постојниот универзален снабдувач интерес појави и грчката ЕДС – „Енерџи деливери солушнс“, која е фирма ќерка на Грчкото електростопанство ППЦ.

На универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ на 30 јуни 2024 година му истекува пет-годишниот договор за снабдување со електрична енергија на потрошувачите на регулираниот пазар. Поради тоа Владата на 11 декември 2023 година објави јавен повик за избор на нов универзален снабдувач што ќе треба во наредните пет години, почнувајќи од 1 јули 2024 година да ги снабдува со електрична енергија потрошувачите на регулираниот пазар.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 22 октомври 2026 изнесува 263,22 евра за мегават час, на МЕМО 249,48 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 16 октомври 2026 изнесува 269,24 евра за мегават час, на МЕМО 251,64 евра за мегават час

ЕДС меѓу ТОП 100 компании во земјата според приходите и ТОП 20 во својата дејност

Energy Delivery Solutions Инфо Поинт

Поевтина струја + вреден подарок, ЕДС со нова понуда за компаниите

Мицкоски: Нема да има енергетски шокови оваа зима