ЕДС меѓу Топ 200 најуспешни и најголеми компании

Од:

ЕДС се најде меѓу Топ 200 најуспешни и најголеми компании во државата, што претставува значајно признание за досегашното работење и развој на компанијата, како и за нејзината позиција во домашниот деловен и енергетски сектор.

Рангирањето е објавено во реномираното годишно издание 200 најголеми и најуспешни кое го подготвува Еуро Бизнис Центар, во соработка со Централниот регистар.

Вклучувањето во оваа листа е уште една потврда за континуираниот развој на ЕДС и успешното работење на компанијата на пазарот на електрична енергија. Во услови на динамичен енергетски пазар и зголемени барања од страна на деловните корисници, ЕДС продолжува да го развива своето портфолио и начинот на работа, со фокус на сигурно снабдување, конкурентни услови и решенија прилагодени на потребите на компаниите.

„Местото меѓу Топ 200 најуспешни и најголеми компании во земјата е признание за целиот тим на ЕДС и за посветеноста со која работиме секојдневно. Нашиот фокус е да продолжиме да растеме како компанија, но истовремено да останеме блиску до нашите клиенти и нивните потреби. Веруваме дека токму комбинацијата на професионалност, разбирање на пазарот и ориентираност кон клиентите е основата за долгорочен успех“, изјави Александар Сарџовски, главен извршен директор на ЕДС.

За ЕДС, ова претставува дополнителен поттик за продолжување на стратегијата на одржлив раст и развој, со постојано унапредување на услугите и создавање поголема вредност за деловните корисници.
Позиционирањето меѓу Топ 200 компании во земјата е потврда дека ЕДС денес е значаен дел од деловна заедница и енергетскиот пазар, но и обврска за компанијата и понатаму да поставува високи стандарди во своето работење.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 22 октомври 2026 изнесува 263,22 евра за мегават час, на МЕМО 249,48 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 16 октомври 2026 изнесува 269,24 евра за мегават час, на МЕМО 251,64 евра за мегават час

ЕДС меѓу ТОП 100 компании во земјата според приходите и ТОП 20 во својата дејност

Energy Delivery Solutions Инфо Поинт

Поевтина струја + вреден подарок, ЕДС со нова понуда за компаниите

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 27 август 2026 изнесува 171,65 евра за мегават час, на МЕМО 167,45 евра за мегават час