ЕДС меѓу ТОП 100 компании во земјата според приходите и ТОП 20 во својата дејност

Од:

ЕДС се најде меѓу ТОП 100 компании според остварените приходи, а во рамки на својата дејност е рангирана меѓу ТОП 20 компании според приходите и бројот на вработени, според рангирањето на бонитетната агенција Таргет Груп. Овие резултати претставуваат официјална потврда за стабилноста, растот и деловната успешност на компанијата, како и за нејзината позиција на домашниот енергетски пазар.

Дополнително, ЕДС е добитник на признанието „Business Leader 2025“, со кое се издвојуваат компании што со својот професионален пристап, деловни резултати и начин на работење придонесуваат кон развојот на деловната заедница.

За ЕДС, овие признанија и рангирања се потврда на определбата континуирано да го развива своето работење, следејќи ги потребите и предизвиците со кои се соочуваат компаниите на пазарот. Како компанија ориентирана кон клиентите, ЕДС развива и нуди услуги и решенија прилагодени на реалните потреби на деловните корисници, со цел да им помогне поефикасно да управуваат со своите енергетски потреби и трошоци.

„Овие признанија и рангирања ги доживуваме како потврда за посветеноста на нашиот тим и за начинот на кој работиме. Нашата цел е да не нудиме универзални решенија, туку услуги и модели што одговараат на конкретните потреби на компаниите и на промените на пазарот. Ориентираноста кон клиентите, како една од стратешките вредности и на нашата компанија мајка PPC Group, е основа на нашиот пристап. Ќе продолжиме да инвестираме во развој на решенија што создаваат реална вредност за деловните корисници“, изјави Александар Сарџовски, главен извршен директор на ЕДС.

Во услови на динамични промени на енергетскиот пазар, предвидливоста, флексибилноста и можноста за оптимизирање на трошоците за електрична енергија имаат сè поголемо значење за компаниите. Токму затоа, ЕДС го насочува својот пристап кон разбирање на потребите на клиентите и креирање понуди што одговараат на нивните специфични барања.

Последната понуда на ЕДС е пример за ваквата ориентираност кон клиентите. Таа предвидува договор за снабдување со електрична енергија со фиксна цена во период од две години, како и вреден подарок за клиентите, зависно од нивната потрошувачка категорија. На овој начин, компанијата им нуди на деловните корисници можност за поголема предвидливост при планирањето на трошоците за електрична енергија, заедно со дополнителна придобивка при склучувањето договор.

Повеќе информации за понудата се достапни на веб-страницата на ЕДС.

Со континуирано следење на пазарот, развој на услугите и креирање решенија во согласност со потребите на клиентите, ЕДС останува посветена на градење долгорочни партнерства и создавање дополнителна вредност за деловната заедница.

 

Би можело да ве интересира

Energy Delivery Solutions Инфо Поинт

Поевтина струја + вреден подарок, ЕДС со нова понуда за компаниите

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 27 август 2026 изнесува 171,65 евра за мегават час, на МЕМО 167,45 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 21 август 2026 изнесува 174,06 евра за мегават час, на МЕМО 140,58 евра за мегават час

Energy Delivery Solutions Инфо Поинт

Зошто сè повеќе компании избираат фиксна цена на електричната енергија?