Демократско движење: Бујар Османи има време за валкани политички пазарења со Груевски, но нема време за Косово

Од:

По терористичкиот напад на северот на Косово, веднаш реагираа лидерите на демократските држави, но и светските центри на одлучување, кои изразија загриженост за катастрофалното сценарио кое може да го вознемири не само Балканот, туку и пошироко. Веќе нема дилема дека зад оваа дестабилизирачка активност стои српскиот режим, кој е во служба на руските интереси за создавање нови кризни центри, со цел да се дефокусира светскaта јавност од војната во Украина, велат од Демократско движење.

Од партијата додаваат дека „изненадувачки, околу овој многу тежок настан, поточно за нападот на српските терористи, уше не се гледа ниту едно дејствување од страна на министерот за надворешни работи на Северна Македонија, а воедно и актуелен претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи.

„Додека Бујар Османи има време да шета во секој агол на светот, а во многу случаи да реализира и непродуктивни посети, тој не смета дека е разумно да оди во Приштина и да се сретне со косовските претставници во знак на поддршка во овој многу тежок момент за државата Косово. Бујар Османи има уште повеќе причини да го посети нападнато Косово од српските терористи бидејќи цело време се фали дека е на чело на ОБСЕ. Но, има најмалку две можни причини заради кои не го прави тоа. Едната се вика “Пациент” а другата дека нема време да го работи тоа за што е платен со народни пари зошто е зафатен правејќи валкани политички пазари со нивниот омилен политичар Никола Груевски. Демократското движење изразува целосна поддршка и благодарност до премиерот Курти, кој во овој случај спречи ситуацијата да ескалира во конфликт од регионални размери“, велат од партијата.

Демократско движење

Би можело да ве интересира

Меџити: Сакаме да бидеме фактор во влада која ќе биде европски ориентирана

Александар Тодески

Демократско движење: Жените да бидат застапени 40 проценти не само во законодавната, туку и во извршната власт

„Европски сојуз за промени“ е името на коалицијата на опозицискиот албански фронт

Предраг Петровиќ

Ќе се почувствува молњата што доаѓа: Алтернатива, Беса и Демократско движење од следната недела официјално

Демократското движење: Северна Македонија е последна во регионот по сите економски показатели

Демократско движење: ДУИ стана партнер со Груевски и Мијалков токму во време на владеењето со СДСМ

Горан Наумовски