Демократски Сојуз: Наместо за уставни измени, 61 глас за распуштање на парламентот и демократски избори

Од:

Силната партизација на правосудниот систем во целина, службите за безбедност и другите институции задолжени за борба против криминалот, како и администрацијата, само ги зајакна перформансите на командното општество.

Во суштина партиите на власт СДСМ И ДУИ, односно лидерите на овие две партии Ковачевски и Ахмети одлучуваат за сѐ, затоа имаме колапс на државата и државните институции, целосна криминализација и отсуство на каква било одговорност и неселективна борба против криминалот.

Уставот, но и повеќе системски закони, само ја зајакнаа партократијата во државата, не функционира имунолошкиот систем бидејќи е партизиран и секогаш се чека команда од лидерите на владеачките партии кои се „најпаметните“ при што резултатот е законите да не важат подеднакво за сите, а уште помалку да се воспостави систем на владеење на правото.

За седум години не е спроведена ниту една реформа, само најави, манипулации, меѓусебни напади и популизам.

Повиците на меѓународната заедница вклучително и на САД, само го амортизираат гневот и незадоволството на граѓаните, но власта не трепнува, таа критиката ја смета за поддршка.

Криминалот го загрозува опстанокот на државата, но нема независни институции кои ќе ја почнат таа борба.

Затоа, наместо пребројување за уставни промени ни треба исчекор и 61 пратеник за самораспуштање на Парламентот и демократски избори.

Да не губиме време, да го направиме тоa, пишува во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема