Сиљановска – Давкова: Во Македонија околу 80 отсто од граѓаните не сакаат да се менува Уставот

Од:

Во Македонија граѓаните имаат јасен став, околу 80 отсто не сакаат да се менува Уставот, но речиси 70 отсто се за членство во Европската Унија. Ова создава тешка дилема за политичарите, како да се усогласи волјата на народот со меѓународните обврски, истакна претседателката Гордана Сиљановска – Давкова на предавањето на тема „За парадоксите на македонските евроинтеграции“ на Правниот факултет во Загреб.

Посочи дека историјата покажува дека земјата знае да прави тешки, но важни чекори и дека Македонија е единствената држава што го смени своето име.

Претседателката, како што јави известувачот на МИА, нагласи дека во дипломатските односи често се посочува дека договорите треба да се почитуваат, но тоа не значи дека секој договор може да наметне промена на Уставот.

Додаде дека според власта договорите треба да се почитуваат во духот на соработката, без да се кршат домашните правила.

Сиљановска-Давкова нагласи дека во договорот за добрососедство со Бугарија од 2017 година нема ниту еден збор за уставни измени, потенцирајќи дека таквите прашања не може да се воведуваат преку протоколи договорени меѓу министри, без ратификација во парламент.

– Не може двајца министри за надворешни работи во улога на конзули да менуваат договор. Тоа е спротивно на правните принципи – истакна таа, додавајќи дека не ѝ е јасно како вакви одредби станале дел од преговарачката рамка со ЕУ.

Според претседателката, постои ризик преку протоколите да се отвораат нови прашања, кои не се поврзани со Копенхашките критериуми, туку претставуваат мешање во внатрешните работи на државата.

Поради ова, како што рече Сиљановска-Давкова, експертите, вклучително и Венецијанската Комисија, велат дека земјата треба да најде баланс меѓу почитувањето на домашните институции и меѓународните очекувања.

Би можело да ве интересира

Проф. Наде Проева, посхумно одликувана со Орден „8 Септември“

Претседателката Сиљановска-Давкова постхумно со Орден „8 Септември“ ќе ја одликува Наде Проева

Сиљановска-Давкова: Преку статусот и работата на Врховниот суд се цени состојбата во целокупното судство

Силјановска Давкова: Шест децении сцената на фестивалот „Војдан Чернодрински“ е простор на највисоки дострели на македонската театарска уметност

А1он

Пелегрини – Сиљановска-Давкова: Проширувањето на ЕУ треба да биде фер процес, предвидлив и со исти правила за сите кандидати

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он