Делегацијата на новоформираната партија ГДУ (Граѓанско демократска унија) во состав Ѓорѓи Трендафилов, Енсер Јусуфовски и Димо Петкоски, во вториот работен ден во рамките на панелот посветен на Земјите од Западен Балкан во Брисел, учествуваше во дебата посветена на реформите во Правосудниот Систем на Република Албанија.
Позицијата на Владата на Република Албанија ја претставиле Теута Водо, заменик министер за правда и Елиса Спиропали од Комисијата за соработка со ЕУ на албанскиот парламент.
„Повеќе од очигледно, е дека и соседите на Македонија кои не се дел од ЕУ, ги имааат повеќе или помалку истите проблеми во многу сфери од секојдневното живеење. Денешниот настан послужи како можност да се утврди дека според таквите прашања- несомнено, владеењето на правото е на приоритетната листа“, се наведува во партиското соопштение.
Како што истакнуваат од ГДУ, учесниците во дебатата, членови на ЕУ парламентот, јасно ја покажале својата подготвеност да се поддржат земјите аспиранти, истовремено, владите на тие земји да манифестираат прогрес во реформите, особено во делот на овие чувствителни прашања.