Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Од:

Деца од градинката „13 Ноември“ во Буњаковец, Центар, пред две недели пронашле шприц, а кај родителите постои сомнеж дека некои од нив и се гребнале или боцнале од иглата. Шприцот децата го пронашле и го зеле додека играле во дворот во градинката, притоа го чувале и го давале еден на друг без никој да знае колку време се одвивало сето тоа.

Очигледно, според зборовите на еден родител, станува збор за употребен шприц со игла фрлен или оставен од некој зависник од дрога. Истиот родител за А1он кажа дека едно од децата го имало пронајдено употребениот шприц и го зело дома, скриен во џебот. И од фотографијата на шприцот видливо е дека е употребуван, најверојатно од некој зависник на дрога. Вистинска паника настанала кога не се знаело дали имало или немало игла на шприцот и кој се од децата го чепкал шприцот. Подоцна се утврдило дека имало игла на шприцот и дека децата се гребеле со неа и ја скршиле. Тие сеуште немаат одговори и не им е јасно дали некои од децата се гребнати или боцнати од иглата на шприцот или тоа им е од друга активност.

За А1он, родител тврди дека од градинката им било кажано да молчат и да не говорат во јавноста за случајот, и дека ќе го решеле тие случајот. Дел од родителите се револтирани дека не се обрнувало внимание на нивните деца додека се пуштаат надвор во дворот, а дел барале во вечерните часови да се контролира кој се влегува во дворот на градинката и какви активности се одвиваат.

А1он за одговори ја побара и директорката на градинката „13 Ноември“, Ружица Биџовска, но единствениот телефон за контакт е надвор од функција и засега не можевме да ја слушнеме нејзината страна на случката и нејзиното размислување.

Би можело да ве интересира

Акција на МВР во Скопје: Уапсени се 12 лица за злосторничко здружување, незаконско поседување на дрога и оружје

(ВИДЕО) Заплена на дрога во Струшко, во возило пронајдени 62 пакувања марихуана

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Американската војска уништи брод на наводни дилери во Тихиот Океан

Воспитувач во градинка во Лондон призна дека со години злоставуваше деца

А1он

Најсмртоносна операција против дрога во Бразил: Уште еден полицаец загина

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец