Дебата за една изборна единица, Мицкоски и Ахмети не дојдоа

Од:

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети, не се присутни на собраниската дебата за една изборна единица, иако како што рече, пратеничката на ДОМ, Лилјана Поповска, покана била испратена на сите лидери на политичките партии. Поддршка на дебатата единствено дојде да даде претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Ги поканивме сите тројца лидери на големите парламентарни партии, ДУИ, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Бараме поддршка од сите, промените на изборниот модел треба да ги донесеме заеднички. Според нас, ова е најдобриот модел, нај фер за сите, затоа и сметаме дека на сите ќе им одговара“, рече Поповска.

На дебатата покрај 12 пратеници кои се иницијатори на ова идеја, присутни се независните пратенички Емилија Александровска и Нола Смајловска Исени, Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ, како и пратеникот Амди Бајрам. Свој претставник на дебатата пратија од Алтернатива на Африм Гаши, ПЕИ и Турската демократска партија.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ: СДСМ се во длабока криза и прашање е нивниот опстанок после локалните избори

СДСМ: Максим Димитриевски измеќари кај Мицкоски за да се спаси од прогон

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани

Кузеска: Мицкоски води теснопартиски интереси и слугува на туѓи држави

(ВИДЕО) Лукаревска: СДСМ предлага 934 милиони денари поддршка за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

Горан Наумовски

СДСМ: Шокантно, наместо поддршка за младите – Мицкоски запнал да ги казнува луѓето што не се во брак