Општина Дебар денеска одблежува двоен празник, 25 години од независноста на Република Македонија и 73 години од ослободувањето на градот.
По тој повод делегација на боречката организација и претставници на институции положија цвеќе на спомен бистите на народните херои и паднати борци во градскиот парк, на Споменикот на загинатите борци во НОВ од Дебар и дебарско, како и на споменикот на Скендер бег, во центарот на градот.
Дебарската боречка организаиција одржа свечена седница на која присутните ги поздрави и им го честиташе двојниот празник, Ирфан Уштеленца, претседател на оргнизаицијата, во која членуваат и многу поддржувачи и негувачи на традициите од НОВ.
Дебар е прв ослободен град во Македонија на 8 септември 1943 година и бил слободен 69 дена.
На седницата и полагањето цвеќе на спомен облежјата присуствуваа и ветерани од Втората светска војна од албанскиот пограничен град Пешкопеа. Заедничка порака беше да се зачуваат традициите од НОВ, вековниот соживот и толеранција.