СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Од:

Најавата на ВМРО-ДПМНЕ по којзнае кој пат дека нема да го поддржи пописот повторно го покажува нивното антидржавно, неодговорно и деструктивно однесување, спротивно на националните интереси. ВМРО-ДПМНЕ не сака да разбере дека пописот е статистичка, а не политичка операција, важен процес за да имаме целосни податоци кои се битни за креирање политики и натамошен рамномерен развој на сите сфери во државата – велат од СДСМ во писмената реакција на прес конференцијата на Стефан Андоновски, членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека партијта нема да го признае пописот и оти ќе направи нов кога ќе дојде на власт.

„Пописот ќе биде спроведен согласно сите стандарди и прописи на ЕВРОСТАТ, целосно усогласено со меѓународните пракси. Со Предлог Законот за попис, имаме за цел, оваа статистичка операција повеќе никогаш да не се третира како политичко прашање кое ќе зависи од волјата на партиите и партиските лидери, туку како оперативно-статистичко. Наводна загриженост на ВМРО-ДПМНЕ не е ништо друго освен очаен обид оваа статистичка операција да се одложи и дополнително да се политизира. Сите европски и светски стандарди се задоволени“ – велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Брисел бара измени на Законот за судски совет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Дали Богоев местел тендери додека ја водел Царинската управа?

Горан Наумовски

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски

Мицкоски: Од државотворна партија, СДСМ се претвори во група што брани лични интереси

(ВИДЕО) Кузеска: СДСМ отвори ново поглавје за иднината на Македонија

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ се држи до суштината, правда наместо привилегии, солидарност наместо страв