Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Од:

Шефот на словачката дипломатија Иван Корчок, кој е во посета на земјава, на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи изрази надеж дека преговарачката рамка на Македонија со ЕУ ќе биде усвоена за време на португалското претседателство.

-Се надевам дека вашата преговарачка рамка ќе се усвои за време на португалското претседателство и оти сите земји-членки ќе постигнат консензус по тоа прашање, рече Корчок.

Во однос на тоа дали пандемијата ќе го одложи прашањето за преговарачката рамка да се најде на следниот состанок на Советот за општи работи, Корчок рече дека не можеме да си дозволиме пандемијата да не спречи за да работиме за она што мислиме дека е важно за ЕУ кога е во прашање проширувањето.

-Пандемијата не треба да не спречи да ја утврдиме преговарачката рамка преку која го оценуваме напредокот на земјата, на она што го постигнала, во смисла на исполнување на условите за членство, истакна Корчок, додавајќи дека Македонија веќе направи многу.

За шефот на словачката дипломатија владеењето на правото е клучен критериум.

-Северна Македонија направи напредок во борбата против корупцијата во изминатите години. Не е совршено, но никој нема да каже дека работата е завршена по ова прашање, туку треба да продолжи. Владеењето на правото е нешто и што ја држи заедно Европската Унија. Без владеење на правото нема просперитет, нема инвестиции, нема нови работни места, нема доверба во државните институции, затоа тоа што го правите го правите за себеси, од друга страна тоа е клучен критериум во наредниот чекор во преговорите со ЕУ, подвлече Корчок.

Вели дека реформите што ги правиме не се за бирократијата во Брисел, туку за самите граѓани.

-Да се стане членка на ЕУ е избор да управувате на соодветен начин со својата земја и верувам дека она што ние го правиме во нашата земја е она што го прави ЕУ – ние инсистираме на владеење на правото, на одредени принципи и ова е од исклучителна важност. Од наш интерес е да ве поддржиме на патот кон ЕУ. Ние дури и не можеме да го наречеме Западен Балкан како сосед, туку е повеќе од тоа, во географска смисла. Но е дел од заедницата која нема да биде комплетна ако ги споделувате истите вредности и најпосле да станете членка на ЕУ, рече Корчок, поздравувајќи го она што земјава го направи во изминатите години во поглед на спречување на протокот на имиграцијата, во борбата со организираниот криминал и тоа, подвлече е една од причините зошто Словачка е силен поддржувач на патот на земјава кон ЕУ.

Би можело да ве интересира

Петер Пелегрини e новиот претседател на Словачка

Словачка: Автобус налета на група луѓе, две лица загинаа

Горан Наумовски

Корчок се надева на победа на претседателските избори во сабота во Словачка

Горан Наумовски

ВИДЕО: Мечка снимена на улица во Словачка, двајца повредени

Жена од Белорусија починала откако бегала од мечка на северот на Словачка

Горан Наумовски

Грозоморно убиство во Словачка: Готвач си ја искасапил девојката

Горан Наумовски