Словачкиот премиер Роберт Фицо предупреди дека инцидентите како што е експлозијата на поморски дрон во црноморското пристаниште Констанца, Романија, би можеле да бидат претходница на поширока глобална ескалација, вклучително и Третата светска војна.
Фицо изрази солидарност со Романија по инцидентот и нагласи дека дијалогот со Русија е неопходен за намалување на тензиите во регионот.
„Замислете дека таков дрон влетал во станбена зграда во земја која е членка на НАТО, Европската Унија и предизвикал сериозни повреди, можеби дури и смрт. На крајот на краиштата, ова навистина би можело да биде почеток на Третата светска војна“, рече Фицо, според словачкиот портал TA3.
