Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека во некои европски и западни политички кругови постои јасна намера да се ослаби Русија до степен да се „собори на колена“, оценувајќи дека таквата стратегија е погрешна и неизводлива.
Фицо нагласи дека Европската Унија нема јасна мировна иницијатива, но, како што изјави, продолжува да инсистира на воена реторика и поддршка на конфликтот во Украина.
– Постои стратегија: да ја собориме Русија на колена. Мислам дека тоа е лоша и неизводлива стратегија. Секој ден читам во вестите дека Русите се на колена, но не се на колена. Русите се апсолутно во право: ние клекнуваме само кога ги врзуваме врвките на чевлите, а не затоа што некој друг сака да го сториме тоа, рече Фицо.
Тој истакна дека политиката на Европската Унија во голема мера е сведена на воена и финансиска поддршка за Киев, со очекување дека тоа ќе ја ослаби Москва. Според него, таков пристап не само што не носи резултати, туку го продолжува и конфликтот и го отежнува наоѓањето дипломатско решение.
Фицо постојано предупредува дека Европа ризикува да ја изгуби сопствената стратешка независност ако продолжи да следи политика на конфронтација без јасна визија за тоа како да се надмине кризата. Тој нагласи дека е потребно да се отвори простор за дијалог и преговори, наместо да се инсистира исклучиво на понатамошна ескалација.
