Фицо: Украина не смее да ги прескокне Србија и другите кандидати на патот кон ЕУ

Од:

Украина не треба да напредува кон членство во ЕУ побрзо од земјите од Западен Балкан кои подолго време се во процесот на европска интеграција, изјави денес словачкиот премиер Роберт Фицо по разговорите со претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, во Братислава.

Фицо рече дека Словачка го поддржува проширувањето на ЕУ и членството на сите земји кои ги исполнуваат потребните услови, но дека истите правила мора да важат за сите кандидати.

„Нема исклучоци и нема кратенки. Тоа важи и за Украина“, рече Фицо, додавајќи дека Украина не може да оди побрзо од Црна Гора, ниту да ги престигне Албанија или Србија, кои подолго време се подготвуваат за членство, пренесува TASR.

Би можело да ве интересира

Туск: Полска ќе има клучна улога во европската делегација за преговорите за Украина

Полјански: Европа ги игнорира преговорите за Украина и се држи до старите позиции

Зеленски алармира: Русија сака преку евакуација на цивили да го отвори патот кон нови градови

Полска ѝ рече „не“ на Украина

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година

Фицо: Конечно се разбуди Европа – ќе има делегација за преговори за Украина