Фицо: Политиките кон Украина ја разнишуваат довербата во ЕУ

Од:

Словачкиот премиер, Роберт Фицо оцени дека постои растечка недоверба внатре во ЕУ поради Украина, поради тоа што раководството на Унијата продолжува да го поддржува Киев на штета на земјите членки.

– Недовербата внатре во ЕУ расте со огромна брзина. Ако ЕУ им даде приоритет на интересите на Украина пред легитимните интереси на земјите членки на ЕУ, тоа ќе доведе до неможност на Унијата да носи важни одлуки кои бараат согласност од сите земји членки-наведе Фицо во видео обраќање на Фејсбук.

Фицо истакна дека проблем особено би било одобрувањето на новиот пакет санкции на ЕУ против Русија. Тој континуираното финансирање на Украина го нарече „идеолошко лудило“. Фицо рече дека ЕУ мора да преземе иницијатива за мирно решавање на конфликтот и да посвети максимално внимание на неговото спроведување.

Фицо исто така го критикуваше пристапот на германскиот канцелар Фридрих Мерц кон конфликтот во Украина, односно неговата изјава дека треба да се поддржува војната во Украина „додека Русија целосно не се исцрпи“.

– Тоа е нереална и опасна стратегија која го продлабочува конфликтот меѓу Европа и Русија. Европа со тоа презема целосна одговорност за финансирање на војната во Украина, што е сосема неодговорно во време на засилени меѓународни тензии, и претставува економско самоубиство во време на борба за подобрување на конкурентноста на ЕУ-оцени Фицо.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“

САД отвораат нов фронт против Русија: Трамп добива овластување за царини до 100%

Загина британски војник во Украина

А1он

(ВИДЕО) Дали украинскиот државен обвинител побегна од земјата сред ноќ со службено возило?

А1он

Лидерката на АФД предупреди: Ќе престанеме да ја финансираме Украина и ќе бараме надомест, ќе го преиспитаме државјанството на Сиријците

(ВИДЕО) Русија повторно го нападна Киев: Погодена е деветкатница, има повредени