Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Од:

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и шефот на дипломатијата Бујар Османи, денеска на вториот ден од посетата на Брисел, ќе имаа средба со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел.

Предвидено е Димитров и Османи да се сретнат и специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан Мирослав Лајчак, како и со претставници на Генералниот директорат на ЕК за соседство и преговори за проширување.

Се очекува на средбите Димитров и Османи повторно да ги истакнат очекувањата од ЕУ да се даде засилено внимание на евроинтегративниот процес, особено во случајот на Северна Македонија која од март минатата година има консезуална одлука од сите земји членки за отпочнување на преговорите.

Истата порака тие му ја пренеле и на министерот за надворешни работи на Португалија Аугусто Сантош Силва, чија земја е актуелен претседавач со Советот на ЕУ, на синоќешната средба во Брисел.

Силва истакнал дека Португалското претседателство со Европската унија го смета процесот на проширување како важно прашање и ќе направат сѐ што е во нивна моќ, да се динамизира дијалогот за усогласување на Преговарачката рамка и формално да се отпочнат пристапните преговори меѓу Северна Македонија и ЕУ.

Во рамките на работната посета на Брисел, Димитров и Османи, на маргините на Советот за општи работи на ЕУ, вчера имаа средби и со министерите за надворешни работи на Шведска, Ан Линде и на Финска, Пека Хависто,од кои исто така, добија поддршка за евроинтеграцијата на С.Македонија.

Би можело да ве интересира

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати