Дали Вељаноски ги држи ДУИ во рака со компромитирачки информации?

Од:

По неделното неуспешно гласање за одземање на имунитетот на екс спикерот Трајко Вељаноски, низ Собранието молк. Се чекаат идните потези на раскраните коалициски партнери. По вчерашната серија на прес конференции, жестоки и нервозни напади, работите останаа нерасчистени и недокажани. Во воздух висат прашањата, дали се стоплија односите меѓу долгогодишните сојузници ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, со што експретседателот на Собранието, Трајко Вељаноски го задолжи Талат Џафери и ДУИ да му го спасуваат имунитетот.

Се отвора и прашањето дали Вељаноски има адути во ракав со кој може да го компромитира ДУИ во врска со најболните прашања и отворени судски постапки за Смилковското езеро, Диво Насеље, па дури и самиот „крвав четврток“. Виси и прашањето во врска со бегството на Груевски преку Албанија, за што има неофицијални информации дека кумувале односно посредувале структури блиски до ДУИ.

Во саботата, велат извори од пратеничките групи за А1он, неуспешно било трагањето по пратеничката од ДУИ Мерсаде Емини Асани која требаше да го замени Агим Шаќири кој вечерта, како што велат партиски извори завршил во болница. Претседателот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, Павле Богоевски објаснува дека пратеничката Асани не кревала слушалка неколку пати, а кога по грешка се јавила, дишела во слушалката и ја спуштила.

ДУИ прстот го вперува во Богоевски, како главен виновник кој не знаел да ја изменаџира ситуацијата во комисијата. Богоевски на овие обвинувања возврати дека станува збор за смислено сценарио од ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ за да се спаси Вељаноски од правдата.

Голем дел од пратениците велат дека „театарот и глумата“ на Џафери во неделата, траела преку целиот ден. Тој на три пати ги свикувал потпретседателите на состанок, во обид да не закаже собраниска седница. Објаснување за тоа било дека нема заклучок од Комисијата. Сепак, во досегашната парламентарна пракса постојат повеќе вакви случаи каде за многу точки немало заклучок или имало негативно мислење и без разлика на тоа, Собранието на пленарна седница сепак одлучувало.

Кога конечно во неделата во 21 и 30 часот започна седницата за одземање на имунитетот на Вељаноски, на истата повеќе се паузираше отколку дебатираше. Искусниот долгогодишен пратеник Џафери, кој добро го познава Деловникот и сите собраниски процедури, 5 минути пред истекување на рокот, неочекувано даде пауза на барање на ВМРО-ДПМНЕ, иако во тие моменти требаше да почне процедурата за гласање.

По 3 минути координаторите на пратеничките групи се вратија на своите места, но повторно збор доби координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Мицевски. По довикувањето од пратениците, и укажувањето на Груби кое е од повеќе страни различно толкувано, неочекувано, две минути по полноќ, кога терминот беше истечен, спикерот Џафери, обвинувајќи го пратеникот Зекири, со објаснување дека е нарушен редот во салата, ја прекина седницата.

Познавачите на собраниските случувања, паметат ситуации кога состојбата била понапната, кога имало довикувања, па Џафери ја продолжувал дебата. Еден од ваквите случаи, па дури и во полоша атмосферата беше донесен законот за јазици, кој беше толку значаен за рејтингот на интегративците на Ахмети.

Вељаноски, за разлика од другите 8 постапки за одземање на мандат, очигледно им е повреден и на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, но и на Амди Бајрам и Панчо Минов кои не се појавија на седницата. Останува прашањето кои се адутите кои екс претсетадетлот на Собранието ги има во рака?

Би можело да ве интересира

Ахмети: Aлбански народ ќе го брани албанскиот јазик што е постигнат со пожртвуваност

Таравари: Ако има избори следната година, Ахмети во 2026 ќе бара нови

Катерина Ѓуровски

Предвремени парламентарни заедно со локалните избори е решението за кризата со легитимитетот му рекол Ахмети на Рокас

Али Ахмети: Заедничките парламентарни и локални избори во октомври 2025 година

ВРЕДИ: Ако Ахмети навистина сака предвремени парламентарни избори, нека депонира писмена гаранција дека кога ќе загуби ќе си замине од политиката

Ахмети му одговори на Мицкоски: Како што побаравте, нека одлучат граѓаните за која опција се, по година и пол ваше владеење

А1он