Дали ќе се одблокира носењето на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги?

Од:

На седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија, денеска повторно ќе се најде Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Дали политичките опоненти СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ конечно се договорија и ќе се донесат неопходните измени кои треба, доколку доследно и искрено се применуваат да гарантираат независност на медиумите и достигнување на највисоки професионални стандарди.

До сега, сите декларативно кога се власт се залагаат и велат дека слободни и независни медиуми се демократски вредности, но работат спротивно, а кога се опозиција критикуваат за медиумски мрак. Единствено во овој едно и пол годишен период работите беа оставени да течат по инерција во очекување на нова законска регулатива.

Со предложената измена се очекува да се обезбеди транспарентен, независен, ефикасен и отчетен јавен радиоадифузен сервис и регулаторно тело во областа на аудио и аудиовизулените медиумски услуги.

Со начинот на избор на членовите на Советот и директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и јавниот радиодифузен сервис се обезбедуваат основните предуслови за професионални персонални решенија, без постоење на судир на интереси и политички влијанија.

Во однос на Македонската радиотелевизија се воспоставуваат солидни законски основи за независна уредувачка политика и одржлив систем на финансирање, односно 0,7% од Буџетот на Република Македонија, секоја година.

Политички плурализам во медиумите и спречувањето на говорот на омраза во медиумите се уредува преку воведување на можноста Советот на Агенцијата да изрече соодветни мерки за сите, непристрасно и независно, кои вршат повреди на законските одредби.

Во законските решенија се интегрираат и забелешките во Извештајот на Прибе во делот за медиумите на тој начин што медиумите се ослободуваат од секаква форма на политички притисок, со целосно дистанцирање од партиски политики, а се овозможува и воспоставување на непристрасен и независен од политички, комерцијални и други влијанија и идеологии јавен национален сервис.

Денеска ќе биде појасно колку навистина се усогласени партиите, но најдобар показател ќе биде спроведувањето на законот и желбата на власта да го демократизира медиумскиот простор.

Би можело да ве интересира

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

Заврши рокот за пријавување на печатените и електронските медиуми за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат