ВИДЕО: Цветанка Ласкова и Лила Филиповска се придружија на хуманитарната акција во „Сити мол“

Од:

Советничката за култура на премиерот на Република Македонија, Цветанка Ласкова, денеска се придружи на хуманитарната акција во „Сити мол“ со што донираше 40 пакетчиња под 12те елки кои преставуваат 12 медиуми. Секој медиум избра по едно социјално загрозено семејство на кое ќе ги поклони подароците кои се оставени под елките.

-Се приклучивме на оваа акција со цел да ги израдуваме најмладите во овие 12 социјално загрозени семејства и да им посакаме здравје и среќа во новата 2018 година, рече Ласкова.

На акцијата и се придружија и јавните личности од Македонија меѓу кои и познатата водителка Лила Филиповска која исто така донираше за социјално загрозените семејства.

-Секој кој што има малку емпатија и чувства го поканувам да дојде на вториот кат во „Сити мол“ и да остави подароци. Има голем интерес и им благодарам на сите кои досега донираа. Не е важно што ќе биде оставено, важно е да знаеме дека некој мисли на овие деца кои во овој период од годината немаат леб да јадат, а најмалку да прославуваат, вели Филиповска.

Хуманитарната акција „12 елки – 12 медиумски приказни“ започна на 18 декември, а граѓаните ќе имаат можност да донираат средства за социјално загрозени семејства се до 4 јануари. Досега собрани се вкупно 135 подароци.

Редакцијата на А1он своите подароци ќе ги донира на четиричленото семејство Христовски од Кисела Вода во кое две малолетни деца живеат со самохран татко кој поради повреда на работно место не е во можност повеќе да работи. Тие засега преживуваат само со пензијата на мајката на самохраниот татко која има тешки здравствени проблеми.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Кривичен суд: Граѓаните имаат право да протестираат, но пресудата за сообраќајката кај „Сити мол“ не е правосилна, подлежи на проверки

А1он

Редици во „Сити Мол“, попустите поважни од мерките против коронавирусот

А1он

„Сити мол“ ги отвори вратите, граѓаните со заштитни маски навалија во дуќаните

Горјан Грнчаровски

ВИДЕО: Хуманитарна акција во „Сити мол“, помогнете на социјално загрозени семејства

Наум Локоски

Ноември – месец на науката

Ана Ололовска

„Ноември – месец на науката“ во „Скопје Сити мол“

Ана Ололовска