Кривичен суд: Граѓаните имаат право да протестираат, но пресудата за сообраќајката кај „Сити мол“ не е правосилна, подлежи на проверки

Од:

Скопскиот кривичен суд реагира откако попладнево на протест се бараше нова пресуда за сообраќајната несреќа кај „Сити мол“, во која животот го загуби 24-годишната Викторија Николова.

Од судот велат дека тие во целост го почитуваат Уставно загарaнтираното право на секој граѓанин за протест и волјата да го искаже своето незадоволсвто. Сепак, како што додаваат, јавноста мора да знае дека, во конкретниот случај, судот изрекол првостепена пресуда која се уште не е правосилна и која ќе подлежи на проверка од повисоките судови во жалбена постапка.

Судот при одмерувањето на казната се водел исклучиво од постоечките Законски одредби кои ги регулираат овие кривични дела, сите отежителни околности поврзани со загубата на млад живот, зачестеноста на конкретните кривични дела како и репресивното и превентивното влијание на пресудата. Но, воедно судот бил должен да ги земе во предвид и олеснителните околности дека се работи за признание на вина од страна на обвинетиот, неговата возраст и околностите под кои е сторено делото, односно колку било прекорачена дозволената брзина на возење и фактот дека обвинетиот во моментот не бил под дејство на алкохол или опијати.

„Заради тоа конкретната пресуда не може да се компарира со други, веќе правосилни пресуди, каде се изречени условни казни или казни од над 7 години“, велат од судот преку допис до медиумите.

Понатаму се додава дека ниту еден загубен човечки живот не може да биде надоместен со каква било судска пресуда, па заради тоа и судот изразува сочуство до семјеството.

„Судот е должен да се води од Законските ограничувања за одмерување на казната. Заради тоа ги повикуваме странките кои се незадоволни од постапката да го искористат своето право на жалба пред Воторстепениот суд каде ќе ги изјават своите гледишта и барања поврзани со пресудата“, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Берлин се крена против АфД: Илјадници протестираа по изборниот триумф на десницата

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени

Северина застана зад граѓаните кои протестираат во Загреб

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Загреб: Отпадот во Госпиќ не е изолиран случај

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Започна „Маршот за Лика“ – „Предавството нема да го простиме“

Горан Наумовски