„Сити мол“ ги отвори вратите, граѓаните со заштитни маски навалија во дуќаните

Од:

Два часа по отворањето на „Сити Мол“, трговскиот центар кој беше затворен два месеци поради коронавирусот, веќе почна да се полни со посетители.

Очекувано, најмногу гужва имаше во бутиците, каде што се оставени детални упатства за тоа како треба да се однесуваат купувачите. „Добредојдовте назад“, пишуваше на вратите на дел од познатите бутици.

Граѓаните во трговскиот центар носат заштитни маски за лице, а пред секоја продавница се оставени дезинфекциски гелови за раце, има редар кој го регулира бројот на луѓе кои влегуваат и обележани места за тоа каде треба да се застане со цел да се запази физичката дистанца од два метри.

Дел од угостителските објекти работат, но повеќето се затворени, а некои денеска се подготвуваа да почнат со работа. Тие, согласно протоколите, можат да работат само со нарачки за носење.

Одлуката за отворање на моловите беше донесена пред неколку дена. Тие ќе работат со ограничено работно време од 10 до 18 часот, а ќе бидат затворени во недела.

Согласно квадратурата на продавницата, на 8-10 квадратни метри простор треба да има по еден купувач. Пред касите мора да има растојание од 1,5 до 2 метри растојание меѓу купувачите, а на секои 30 минути на разгласна табла треба да се кажуваат превентивните мерки за заштита од Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска