Цивил: Случајот на Емра Куртишова е груба дискриминација

Од:

Невладината организација Цивил најостро ја осудува одлуката на службеното лице од пасошката контрола на МВР на скопскиот аеродром „Александар Велики“ да не ѝ дозволи на Емра Куртишова, актерка во Театар за деца и младинци – Скопје, да ја напушти земјава поради наводна неисправност на документацијата и непоседување на доволно парични средства за времетраењето на престојот.

„При излез од земјата граѓаните немаат потреба да приложуваат ништо повеќе од патен документ или друг документ пропишан за преминување на државната граница кој според член 15 став 1 од Законот за гранична контрола се користи за проверка и утврдување на нивниот идентитет. Дополнителна документација може да биде потребна при влез во државата, не при нејзиното напуштање“, се вели во соопштението на Цивил.

Од невладината организација тврдат дека случајот со Емра Куртишова е само илустрација за грубата дискриминација и дискриминаторските политики која оваа власт систематски ги спроведува изминатите години врз граѓаните по основа на етничка, национална, религиска, сексуална и друга припадност, што претставува свесно огрничување, контролирање и кршење на човековите права и слободи на граѓаните.

„Цивил ја поддржува и охрабрува Емра Куртишова во барањето на своите права и евентуално покренување постапка пред надлежните институции на системот со цел расветлување на случајот и исправање на нанесената неправда“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

Орце Костов

Се вселила во стан во Скопје, соседите ја избркале по еден ден оти била Ромка

Орце Костов

Ѓорѓи Трендафилов: Македонија е дискриминаторска земја не само во однос на етничкото потекло

Орце Костов

Комисијата за заштита и спречување дискриминација можно уште денеска да ја разгледа наводната согласност на Владата кон „Бехтел и Енка“ за поголема работна недела

Ана Ололовска

Комисијата за заштита од дискриминација со препорака за Акциски план за унапредување на правата на осуденичките

Ана Ололовска

Татко спречен да го придружува своето дете: Детска клиника дискриминира, вујна и баба можат оти се женски пол

Орце Костов