ЦИВИЛ: Од партија им вршат притисок на граѓаните преку телефон да не излезат на референдум, избирачкиот список е во хаос

Од:

Граѓаните се пожалиле на дежурните телефони на невладината организација ЦИВИЛ дека им се јавуваат од партија и им вршат притисок да не излезат на референдумот за ГТЦ, со што би се спречила излезноста. Од ЦИВИЛ велат дека до 15 часот се забележани бројни неправилности на избирачките места.

Џабир Дерала од ЦИВИЛ информираше дека најголеми проблеми се јавуваат со избирачките списоци. Некои граѓани, вели, се буквално избирашани од избирачкиот список затоа што на претходните избори гласале на истото избирачко место на кое сега ги нема во списокот.

– Избирачкиот список е во тотален хаос и луѓето не можат да се снајдат со што им се ускратува правото на глас. Огромен број гласачи се откажуваат од гласање поради тоа. Забележани се случаи на граѓани кои се очигледно избришани од избирачкиот список бидејќи претходно биле присутни. Таков случај имаме во месната заедница Боте ботевски, број 2838, каде граѓанка била избришана од избирачкиот список иако претходно уредно пријавила адреса во Општина Центар. Се пријавила во Општинската изборна комисија со приговор, но од таму и рекле дека не можат ништо да сторат. Јас не знам кој може да стори нешто, ако не ОИК за да се регулира ваквиот недостаток. Тие ја имаа надлежноста – рече Дерала.

На повеќе адреси во Капиштец, на булевар Илинден и на булевар Кочо Рацин, во ЦИВИЛ добиле дојави дека лифтовите од утринава се неисправни.

– На Илинденска, пристап до лифтовите имал само претседателот на куќниот совет што е апсурдна ситуација со која се попречува правото на глас – вели Дерала.

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

A1on

Вклучи-исклучи на струјата во ГТЦ: Менаџментот ветувал дека ќе го плати долгот, за дуќанџиите да не останат во мрак

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Дојави за бомби во ГТЦ, во МНР и во неколку школи, во тек евакуација

Катерина Ѓуровски

Габриел Бајрам не се јавил на распит во полиција, ама се јавил на поканата за прослава на Владата

Кристијан Ландов