Предност на опозициксите партии пред владејачката ВМРО-ДПМНЕ, ова се резултатите од истражувањето на на Центарот за истражување и анализа (ЦИА), а ја пренесе порталот Скај.
На прашањето за која политичка партија би гласале, доколку избори има утре 26,31% од граѓаните, одговориле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, додека пак 31,27% за СДСМ.
ВМРО-НП има рејтинг од 2,53%, Обединети за Македонија 1,56%, Достоинство 0,52% и ЛДП 0,44%, што заедно како коалиција имаат над 5 отсто доверба кај граѓаните.
За ДУИ рекле дека ќе гласаат 3,97 отсто, за ДПА 2,8 проценти, додека пак за партијата на Османи 0,74%.
Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски во убедливо водство со 32,21% пред лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој е омилен кај 27,35% од испитаниците.
Али Ахмети ужива рејтинг од 4,78%, додека Мендух Тачи 3,31%. Руфи Османи има рејтинг од 1,25%, Андреј Жерновски 0,29%, Љубе Бошковски 0,22%, Љубчо Георгиевски 1,44% и тн.