Рејтингот на Трамп опаѓа, незадоволството расте

Од:

Рејтингот на одобрување на американскиот претседател Доналд Трамп падна на 38 проценти, што е најниско ниво откако тој се врати на власт, според анкетата на Ројтерс/Ипсос. Американците се незадоволни од растечките трошоци за живот и од истрагата за починатиот осуден сексуален престапник Џефри Епштајн, објави Ројтерс.

Анкетата доаѓа во време кога влијанието на Трамп врз Републиканската партија покажува знаци на опаѓање. Најновата анкета покажа дека рејтингот на одобрување на Трамп паднал за два процентни поени во споредба со анкетата на Ројтерс/Ипсос спроведена на почетокот на ноември.

Трамп го започна својот втор мандат со одобрување од 47 проценти, но падот од девет поени од јануари ја донесе неговата вкупна популарност блиску до најниското ниво забележано за време на неговиот прв мандат и блиску до најслабите рејтинзи што ги уживаше неговиот демократски претходник во Белата куќа, демократот Џозеф Бајден, според Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Трамп го обвини Министерството за трговија дека намерно објавило неточни податоци

(ВИДЕО) Трамп повторно воведува царини: Европа ги отфрла, за кина се „политичка манипулација“

Трамп се откажа од дел од понудата за Русија: „Стана јасно дека не се заинтересирани“

Трамп подготвува нови царини за ЕУ

NBC: Администрацијата на Трамп размислува за атентати врз ирански лидери

Откриени трансакции: Трамп купувал и продавал акции на „Нвидиа“

Катерина Ѓуровски