Рејтингот на Трамп падна на најниско ниво досега

Од:

Рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп падна во последните денови, достигнувајќи го најниското ниво во неговиот втор мандат, бидејќи сè повеќе Американци ги критикуваат неговите политики за трошоците за живот.

Ова го покажа новото истражување на агенцијата за анкети „Ројтерс“ и „Ипсос“.

Тридневната анкета, која заврши во недела, покажа дека 40 проценти од Американците го одобруваат работењето на републиканскиот лидер, во споредба со 42 проценти во анкетата на „Ројтерс-Ипсос“ спроведена од 15 до 20 октомври.

Популарноста на Трамп во секоја од анкетите на „Ројтерс-Ипсос“ од средината на мај е во рамките на еден до два процентни поени поголема од сегашното ниво.

Уделот на луѓе кои не го одобруваат неговото работење се зголеми од 52 проценти во анкетата спроведена од 16 мај на 18 мај на 57 проценти во најновото истражување.

Трамп победи на минатогодишните избори со ветувања за справување со зголемената инфлација што му наштети на неговиот претходник, демократот Џозеф Бајден, но Американците му даваат екстремно ниски оценки за управувањето со трошоците што ги оптоваруваат американските домаќинства, при што 63 проценти од населението не ги одобрува неговите политики во врска со трошоците за живот.

Во врска со затворањето на владата, околу 29 проценти од испитаниците рекле дека или не се загрижени или се задоволни од тоа, додека 20 проценти рекле дека се лути, а околу 50 проценти рекле дека се фрустрирани.

Онлајн анкетата на 1.018 возрасни Американци низ целата земја имаше маргина на грешка од три процентни поени.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп заспа на погреб, Белата куќа го правда дека размислувал за губењето драг пријател

(ВИДЕО) Трамп се сретна со Зеленски и Нетанјаху во Белата куќа: Украина добива лиценца за производство на ракети „Патриот“

Катерина Ѓуровски

Трамп: Разговорите со Иран се добри, постои шанса за договор

Трамп ги негира извештаите за недостиг на муниција: Имаме повеќе од кој било друг во светот

Трамп: Да не бев претседател, Иран ќе го уништеше Израел

Првремено примирје меѓу САД и Иран, падна цената на нафтата

Катерина Ѓуровски