Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Од:

Нема дно до кое ВМРО-ДПМНЕ и Миле Лефков нема да паднат во своите очајнички обиди за дефокус од нивната неспособност да се справат со пожарите. Денеска, пред целата јавност, Лефков флагрантно излажa. Наместо факти, тој пласира лажна фотографија од сосема друг човек, со цел да ја поврзе трагедијата од пожарите со Зоран Заев и СДСМ, велат од СДСМ.

– Човекот на фотографијата што ја објави Лефков НЕ Е приведениот за подметнување пожар и се презива Барабановски.

Станува збор за класична политичка монтажа и опасна манипулација, во која Лефков намерно подметнува лажна информација за да создаде вина и да ја дефокусира јавноста од неспособноста и неуспехот на власта да се справи со реалните пожари и кризи.

Македонија за две години е лидер во најмногу изгорена површина по метар квадратен и ова е единствениот спас за ДПМНЕ од сопствениот дебакл.

Во нормална демократија, пратеник кој јавно изнесува лажни обвинувања врз основа на монтирани фотографии би си поднел оставка. Но не и Лефков. Тој продолжува да ја труе јавноста со лажни вести, дури и по цена на нарушување на истрагите и спинови на сметка на човечки животи.

Очекуваме Јавното обвинителство веднаш да отвори предмет за ширење лажни вести и загрозување на правната сигурност, а Лефков да се извини не само на семејството на човекот што го излажал, туку и на целата јавност.

СДСМ ќе поднесе и тужба за клевета и нарушување на углед.

Повикуваме и медиумите да бидат внимателни и да не дозволуваат да бидат злоупотребени како алатки за ширење лаги и монтирани конструкции на ВМРО-ДПМНЕ.

На крај, уште еднаш лагата има кратки нозе. Оваа евтина кампања се распадна за помалку од 24 часа, се вели во реакцијата од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски