Членови и функционери во ВМРО-ДПМНЕ бараат оставка од Мицкоски и вонреден конгрес

Од:

Одговорност и оставка од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот тим, бара поранешната пратеничка, Весна Дамческа-Илиевска, во име на иницијативниот одбор за организирање на вонреден конгрес. Таа беше придружувана од актуелни членови, поранешни и сегашни функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои сметаат дека Мицкоски мора да сноси одговорност бидејќи паријата изгубила локални, претседателски, а сега и парламентарни избори. Тие му порачаа на лидерот на партијата да закаже вонреден конгрес на партијата на кој би се избрало ново раководство, во спротивно, тоа ќе го направат тие.

„Ние како иницијативен одбор за промени, го повикуваме Мицкоски да поднесе оставка и да закаже вонреден конгрес на паријата на кој би се бирало ново раководство. Би апелирале да го почитува апелот на членството и да повика конгрес. Ако тој не го стори тоа, ние како иницијативен одбор, ќе преземеме чекори за закажување на вонреден конгрес. Барањето на одговорност за поразите на Мицкоски не е напад, туку одбрана на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Дамческа-Илиевска која е членка на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа посочи дека на Македонија и треба силно ВМРО-ДПМНЕ, а на ВМРО-ДПМНЕ му треба ново раководство. Според неа, партијата има кадри кои ќе понудат алтернатива и ќе го запрат економскиот пустош, за кој вели дека три години ја пустоши државата.

„Виновен е оној што можеше и требаше да понуди препознатливи политики кои можеа да ги сплотат граѓаните и државата. Тој форсираше поделби наместо да ги обедини силите. Одговорност за неуспесите мора да има. Кога еден тим губи, не може да биде виновен домарот или публиката. Одговорност мора да има тимот, а тимот го водеше Христијан Мицкоски и неговите најблиски соработници. Тој и неговиот тим ги загуби локалните избори во Охрид и Ново Село и претседателските избори. Наместо одговорност, видовме апсурдни одговори и пасивност. Кадрите на Мицкоски не успеаа ни во техничката влада да се наметнат како лица кои различно ќе ги водат институциите и ќе одговорат на предизвиците. Вистината е една, најодговорен е тој што го состави тимот, а тоа е Мицкоски. На Македонија и треба силно ВМРО-ДПМНЕ, а на ВМРО-ДПМНЕ му треба ново раководство. На ВМРО-ДПМНЕ не му треба лидерство кое денес ќе каже едно, а утре сосема друго. На 10 октомври Мицкоски во интервју за ‘Макфакс’ изјави дека ќе поднесе оставка ако ги загуби избори или не успее да формира Влада. Не состави влада и ги изгуби изборите, останува да си ја сочува честа“, додаде Дамческа-Илиеска во име на иницијативниот одбор за вонреден конгрес.

Пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, освен Дамческа-Илиеска беше и Марина Кавракова која исто така е актуелен член на Извршниот комитет на Унијата на жени на партијата, актуелниот градоначалник на Илинден, Жика Стојановски, ексградоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, ексградоначалникот на Дојран, Борче Стамов, ексградоначалникот на Бутел, Петре Латиновски, како и Лука Кржаловски кој е поранешен претседател на Унијата на млади сили и ексдиректор на Службен весник.

Би можело да ве интересира

Мицкоски да ја надрасне суетата инаку ќе доживее фијаското на локалните избори, порака од иницијаторите за вонреден Конгрес

Габриела Димковиќ-Мишевска

Иницијатива за Конгрес: Мицкоски е единствениот во ВМРО-ДПМНЕ чии афери се амнестираат од надлежните обвинителства и судови

Катерина Ѓуровски

Иницијативниот одбор го одложи најавениот вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

Жарко Настоски

Стамов: Поддршката за смена на Мицкоски од ден во ден се зголемува

Искра Манојлоска

Иницијативен одбор: 17-от Вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конгрес на обединување и нов почеток

Ана Ололовска

Иницијативен одбор за вонреден конгрес: На ВМРО-ДПМНЕ не му треба лидер кој бега од сите круцијални одлуки

Ана Ололовска