Четворица малолетници добија кривични пријави за кражба во Аеродром

Од:

Во полициска станица биле повикани двајца малолетници, поради основано сомнение дека заедно со други две малолетни лица, сите од Скопје, извршиле кривично дело “разбојничка кражба”.

„Имено, на 04.08.2021 околу 21.30 часот, во близина на сендвичарница, тројца од нив физички нападнале малолетно лице, а четвртиот малолетник со употреба на сила одзел пари“, се наведува во билтенот на МВР.

Во присуство на родителите е извршен службен разговор со двете повикани лица, при што го појасниле настанот во целост.

По насока на Јавен обвинител за малолетници од ОЈО Скопје, по комплетно документирање на случајот против четирите лица ќе биде поднесена пријава согласно чл.238 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Ѓорѓиевски: Сите резиденти на Аеродром ќе може да паркираат на сите зони во општината без надоместок

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он