Четворица македонски државјани фатени со лажни ПЦР тестови на границата меѓу Србија и БиХ

Од:

Службениците на граничната полиција на Босна и Херцеговина на граничниот премин Рача со Србија за време на редовната контрола на влезот на странски државјани во земјата откриле пет фалсификувани ПЦР тестови за коронавирус.

Во соопштението на граничната полиција на БиХ се наведува дека лажните ПЦР тестови биле откриени вчера кај четворица државјани на Северна Македонија и еден кинески државјанин, за што бил информиран и обвинителот на Окружното јавно обвинителство во Бјелина.

-Поради постоење основи на сомнение дека е сторено кривично дело фалсификување исправа, обвинителот на Окружното јавно обвинителство во Бјелина беше информиран за настаните, според чија наредба предметите им беа предадени на службениците на граничната полициска станица Сремска Рача.

Во изминатиот период, од септември 2020 година до 31 март 2021 година, полицајците на граничната полиција на БиХ открија повеќе од 80 фалсификувани ПЦР тестови коронавирус.

Најмногу фалсификувани тестови според граничната полиција на БиХ имале граѓаните на Турција, Кина, Северна Македонија, Германија и Словенија.

Би можело да ве интересира

Утврден изгледот на македонскиот ковид – пасош за патување во Грција, ќе биде дигитален

Маја Илиевска-Пачемска

Експеримент во Барселона: Одржан концерт за 5.000 лица со негативен ПЦР тест

Германија воведува обврска за негативен ПЦР тест при влез во земјата

Жарко Настоски

Гостиварски лекар земал брисови, па без тестирање издавал лажни потврди за негативен ПЦР тест

Катерина Павлова-Николовска

Кочанчанец доби 100 дневни глоби од по 20 евра за лажен ПЦР тест​

Поднесено обвинение против шест лица за фалсификувани ПЦР тестови