Фатени 19 лица кои со лажни ПЦР тестови со автобус тргнале за Германија

Од:

19 лица биле фатени денеска со лажни ПЦР тестови во автобус кој патувал за Гермнија информираат од Министерството за внатрешни работи.

-Денеска (09.10.2021) од страна на полициски службеници од СВР Куманово-Одделение за криминалистичка полиција-Отсек за економски криминалитет, извршена е контрола на автобус на туристичка агенција кој патува на релација од Република Северна Македонија кон С.Р.Германија, при што од вкупно 50 патници кои се превезувале, кај 19 од нив откриени се 19 фалсификувани ПЦР тестови, се вели во соопштението од МВР.

По извршени проверки на тестовите било констатирано дека станува збор за фалсификувани тестови, кои биле набавени од едно лице од Струмица, по цена од 1.000 денари по тест.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва