Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Од:

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривични пријави до ОЈО ГОКК против двајца полициски службеници од Прифатниот центар за странци при Регионалниот центар за гранични работи Север.

Против Б.Д. е поднесена пријава за „тешка кражба“, а против Б.М. за „полово вознемирување“.

Според МВР, првопријавената, која работела како полицаец во Прифатниот центар, на 28 септември годинава, за време на посета на центарот, од мајката на привремено задржано женско лице одзела златен и сребрен прстен и 3.000 денари. Предметите и парите ги пронашла при преглед на чантата на привремено задржаното лице.

Второпријавениот, кој бил раководител на смена во центарот, на 30 септември, при извршување на работните задачи, влегол во собата во која била сместена привремено задржаната жена. Со вербални и физички дејствија, како и преку електронски средства за комуникација, изразувал сексуална страст и преземал дејствија кои јасно потсетуваат на сексуален однос.

Со тоа, според пријавата, го повредил достоинството на жената и предизвикал кај неа чувство на непријатност, навреденост, понижување и страв, искористувајќи ја нејзината подредена положба.

Од МВР информираат дека против двајцата полициски службеници ќе биде поднесен и предлог за поведување постапка за утврдување одговорност и нивно отстранување од работните места до завршување на дисциплинската постапка, односно суспензија.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски

Млад делчевец нашол 114.000 денари и 2.000 евра, ги однел во полиција

Катерина Ѓуровски

Четворица пијани возачи предизвикале сообраќајни несреќи, една со смртен исход

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски