Честитка од Емил Димитриев по повод Св. Кирил и Методиј

Од:

Техничкиот премиер, Емил Димитриев им го честита на граѓаните на Република Македонија 24 Мај – Денот на светите Кирил и Методиј, македонските и сесловенски просветители.

– Историското наследство и делото кое зад себе го имаат оставено Светите Кирил и Методиј е едно од најзначајните богатства на нашата држава и македонскиот народ. Големината и богатството на еден народ, меѓудругото се состои и во неговиот капацитет да ги збогати и другите народи, односно целата цивилизација, а македонскиот народ ваквата големина ја покажал преку бројни историски личности, а несомнено едни од најзначајните се Светите Браќа Кирил и Методиј, пишува Димитриев во честитката.

Како изумители на глаголицата и како промотори на словенската писменост во многу места во светот, наведува Димитриев, светите Кирил и Методиј се вградија во историското и духовно растење на многу народи во светот, а посебно ја задолжија Македонија од каде и потекнуваат и каде поминале голем дел од нивната просветителска мисија.

– Токму затоа со чествувањето на денешниот празник и искрената почит кон големите браќа Свети Кирил и Методиј, македонската држава задржува силна светлина кон просветителите кои толку конкретно одбележаа една цела епоха во историјата на христијанската цивилизација, а посебно во историјата на Македонија. Наша е гордоста и привилегијата да ги спомнуваме и да празнуваме во нивно име и во нивна чест. Нивното дело да продолжи да ни биде инспирација за да продолжиме да создаваме дела и вредности кои ќе бидат од интерес за сите граѓани на нашата земја, кои ќе ги подобруваат економскиот стандард, условите во образованието, можностите во културата и ќе помогнат во унапредувањето на сите општествени сфери, и кои ќе придонесат за создавање амбиент за личен професионален и приватен развој на секоја индивидуа преку стекнувањето на знаења и вештини кои ги прават луѓето вредносно поконкурентни во секоја област, пишува во честитката на премиерот Димитриев.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Овој ден нека нè поттикне и понатаму да се гордееме со нашето културно и духовно наследство

Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј

Ана Ололовска

Џафери и македонска делегација на молебен во базиликата „Сан Клементе“ во чест на Свети Кирил и на аудиенција кај папата Франциск

Ана Ололовска

Џафери предводи државно – црковна делегација во Рим и Ватикан на манифестацијата во чест на Св. Кирил

Ана Ололовска

Скен: Договореното со Бугарија е историски неточно, извртено и неодржливо – ако политиката капитулираше, научната мисла е жива

Анита Петровска Рајковиќ

Пендаровски и Радев заеднички ги чествуваа Св. Кирил и Методиј во Рим

Жарко Настоски