Сиљановска-Давкова: Овој ден нека нè поттикне и понатаму да се гордееме со нашето културно и духовно наследство

Од:

Претседателката Гордана Силјановска – Давкова, која ја предводи македонската државно-црковна делегација во Рим и Ватикан, по повод одбележувањето на Денот на сесловенските просветители, денеска ќе ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде што ќе положи венец на спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј и ќе го посети гробот на папата Франциск.

„Дозволете ми од срце да ви изразам искрени честитки по повод 24 Мај, денот кога го славиме споменот на Светите рамноапостоли Кирил и Методиј – сесловенски просветители, заштитници на Европа, браќа и учители.

Овој ден е силен потсетник за трајната вредност на нивната мисија – вредност чии корени лежат длабоко во културата, знаењето и духовната сплотеност. Светите Кирил и Методиј ни ја подарија не само глаголицата, туку со неа изградија силен сесловенски културен и цивилизациски темел што продолжува да го потпира нашиот идентитет и до ден денес. Преку нивната посветеност и визија, го отворија патот кон писменоста и учењето на сопствен јазик – дар што омоќни многу генерации и го зачува нашиот глас низ вековите.

Да го чествуваме и чуваме нивниот спомен преку негувањето на вредностите коишто тие ги отелотворија: мудрост, вера, образование и обединетост. Славејќи ги нивните дела, да ја зацврснеме нашата заложба за градење на општество засновано врз знаење, меѓусебно почитување и достоинство.

Нека овој ден нè поттикне и понатаму да се гордееме со нашето културно и духовно наследство, да го чуваме, збогатиме и да им го предадеме на идните генерации изворот на знаењето што ни го дале нам нашите предци, а ним Светите Кирил и Методиј – секогаш чист, секогаш постојан, вечно жив“, се наведува во честитката упатена од Сиљановска.

Би можело да ве интересира

Европа ги отфрли руските барања за мировните преговори за Украина

Предраг Петровиќ

ЗНМ и ССНМ реагираат: Попречувана новинарка на Телма при известување за инцидентот во Битола

ВМРО-ДПМНЕ: Бетон Герасимовски вети бесплатен, а не субвенциониран оброк за учениците од септември

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ако ме напуштиш, ќе завршиш како Росица“: Осум години насилство, страв и закани – потресно сведоштво на Ирена

Предраг Петровиќ

Министерот Клековски: Нездравата исхрана и неактивноста се коренот на проблемот, потребни се радикални превентивни мерки

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци