Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, започнал штрајк со глад во истражниот затвор во Шуто оризари, потврдуваат за „Макфакс“. Според неофицијални информации од управата на затворот, тие ја информирале надлежната судијка на претходна постапка која што му го одреди притворот за неговата состојба.
Митко Чавков е веќе два дена во притвор, а е еден од осомничените за насилството што се случи на 27 април во Собранието За време на крвавиот четврток Чавков беше директор на Бирото за јавна безбедност и раководител на штабот на МВР за протестите за Заедничка Македонија. Основното јавно обвинителство го товари за кривичното дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
К. Л.