ВИДЕО: Дисциплинска за полицајците кои ги туркаа новинарите

Од:

Двајца полицајци од затворска полиција не ги испочитувале протоколите на затворот „Скопје“ во Шутка при вчерашното ослободување на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков. Уште вчеравечер, директорот на затворот, Филип Андов поведе постапка за утврдување одговорност. Беа преземани низа постапки, а неофицијално, прегледувани се дури и снимките од надзорните камери. Андов за „А1он“ вели дека е утврдена одговорност, а која доаѓа откако службеник истурка новинарски екипи и ги попречи во работата во моментот кога Мијалков го напушташе затворот.

„Ќе се поведе дисциплинска постапка за двајца службеници од затворска полиција поради не почитување на протоколите за спроведување на притворено/осудено лице до предно стражарско место капија односно рампа. Потврдено дека протоколот е прекршен и се постапувало вон истиот“, посочи Андов за „А1он“.

Ова би значело дека затворските полицајци не смееле да ја напуштат капијата на затворот и дека нивната надлежност за спровод на Мијалков завршила кога тој ја напуштил затворската капија. Односно, затворските полицајци немаат право да ги носат притворениците до приватен автомобил надвор од затворската капија, ниту пак, да преземаат било какви службени дејства надвор од кругот на затворот.

Како што веќе објавивме, полицаец вработен во затворот „Скопје“ во Шутка истурка новинари и сниматели од „А1он“ и „Клан“, со што ги попречи во вршењето на својата работа. Тој во време кога ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков излегуваше од капијата на затворот, излезе пред него, па со дрско викање и туркање ги тргаше микрофоните на новинарите кои поставуваа прашања.

Би можело да ве интересира

Рочиштето за масовното прислушување одложенo поради законските измени, Мијалков се спасува од делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Продадени три недвижности конфискувани од Мијалков за 244 илјади евра

Катерина Ѓуровски

Се распродава имотот на Мијалков – јавно наддавање за станови во Охрид, плац на Кожуф, земјиште

А1он

Запленетите акции на Мијалков на аукција на берза

Конфискуваниот имот на Мијалков наскоро на јавно наддавање

Катерина Ѓуровски