Пензиониораниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, кој беше донесен од затворот Скопје, пред почетокот на сведочењето за случајот „Тортура“, за апсењето на Љубе Бошкоски, двапати рече дека е од Република Макеоднија.
Судијката Александра Ристеска на записникот рече Република Северна Макдонија. Чавков повтори дека е Македонец, од Република Македонија.
На прашањето како се чувствува, рече дека се чувствува одлично и дека денеска дознал за што е повикан денеска во судот. Заедно со него се повикани да сведочат и други луѓе на предлог на СЈО.
Чавков за време на апсењето на Бошкосли бил началник во МВР во одделот за гонење организиран криминал.
Васко Маглешов