• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Царовска: Средствата за граѓаните се тука, обесштетувањето почна, сега се останува на ОЈО

by А1он06/02/2019 - 12:04709
Share0

Нашата работа е да го заштитиме системот, законските измени се направени, финансиските средства за граѓаните се тука, обесштетувањето почна, се останато е работа на ОЈО, изјави денеска министерката Мила Царовска пред промоцијата на „Датабазата на експертки“, во врска со случајот со Вториот пензиски столб.

Добивај вести на вибер

Во однос на обвинувањата од страна на ДУИ и нивните изјави во јавноста дека ќе тужат и дали има индиции за нивните функционери кои биле во тој период, Царовска рече дека ОЈО е тоа што има работа да истражува.

„За да можеме да имаме правна држава во Македонија, значи дека секој од органите треба да си ја извршува својата работа. Органот што јас го водам е орган на државната управа и тој спроведува социјална политика и креира социјални политики, додека има други надлежни институции коишто се истражни органи, органи на прогно итн. што треба да си ја вршат својата работа за да можеме да кажеме дека системот работи“, рече Царовска.

Министерката пред околу десетина дена обелодени дека над 12 илјади вработени од кои најголемиот број во изминатите десет години за првпат засновале работен однос, не добивале пари за вториот пензиски фонд и со тоа секој од нив изгубил по околу 400 илјади денари наменети за нивната идна пензија.

Во врска со последниот извештај на „Фридом хаус“, што беше објавен вчера, дека Македонија важи за делумно слободна земја, Царовска, пак, рече дека ако се вратиме само две години наназад бевме сведоци на извештај што кажуваше заробена држава и тоа, рече, се тешки зборови за една држава која што себеси се позиционира како социјална и демократска.

„За само две години да добиеме дека е делумно слободна е огромен скок за нашата држава и ако разговараме денеска со кој и да е во нашиот град, во нашата држава, ќе видите дека она кое што сме го вратиле е слободата на говор, слободата на мисла, слободата на движење. Граѓаните се чувствуваат послободно и тоа е мноу важно за едно општество. Така што јас сум горда што оваа Влада им ја врати слободата на граѓаните да кажат се што размислуваат и да имаме дури и еден период катарзично празнење на различно размислување коишто им беа забранети во изминатите десет години“, вели Царовска.

Посочи дека во извештајот сигурно има препораки каде може да се направат дополнителни измени, прилагодувања, ослободувања и за сето тоа има период кога може да се имплементира, но, како што рече, во две години е важно дека од заробена држава сме станале делумно слободна.

carovskamila carovskavtor penziski stolb

Би можело да ве интересира

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

A1on15/02/2024 - 13:13

Левица:Историчарите ги бојкотираат учебниците по концепција на Царовска

Предраг Петровиќ08/12/2023 - 16:38

Уште две министерки побараа апанажа: Царовска молчи за плановите, Шекеринска размислува

Кристијан Ландов21/01/2022 - 15:0822/01/2022 - 08:17

Царовска: Основата за демократско и прогресивно општество е квалитетното образование

А1он07/12/2021 - 21:27

Дводневен Дигитален саем за средно стручно образование наменет за полуматурантите

А1он30/11/2021 - 16:06

Царовска: Создаваме генерации кои ќе бидат активни предводници на борбата за почиста планета и здрава животна средина

А1он20/10/2021 - 15:4221/10/2021 - 07:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен