Дводневен Дигитален саем за средно стручно образование наменет за полуматурантите

Од:

Околу 19 000 ученици од деветто одделение можат на едно место да добијат информации кои им се важни за изборот каде ќе го продолжат школувањето, на дводневниот Дигитален саем за средно стручно образование што денеска и утре се одржува во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Како што соопшти МОН, отворајќи го првиот ваков саем во земјава, министерката за образование и наука Мила Царовска во видеообраќањето рече дека очекува тој да стане традиционален и секоја следна генерација деветоодделенци поедноставно да направи правилен избор за иднината.

– Изборот на образование е важна животна одлука, што може да биде исправна само доколку ученикот ја донесе согласно личните убедувања и афинитети, но и врз основа на добра информираност за перспективата која ја овозможува. На прво место е можноста за работа и солидна заработка. А тоа е најизвесно со стручно образование, кое во последно време го добива вистинскиот сјај, се модернизира и станува тренд меѓу младите, нагласи Царовска.

Министерката посочи дека учениците на саемот може прецизно да се информираат каде и што ќе можат да работат по завршувањето на секој од профилите на средното стручно образование. Ќе ги запознаат и можностите за стипендии што Министерството за образование и наука ги овозможува како континуирана стимулација за време на едукацијата.

МОН во соопштението наведува дека крупните промени што ги прави во средното стручно образование, посебно во делот на јакнење на концептот на дуално образование, се темелат на реалните потреби на стопанството за вработување квалитетен стручен кадар.

– Тоа им овозможува на учениците дел од образованието да го поминуваат во компаниите вклучени во дуалното образование, во реален производствен процес. Со тоа, младите луѓе се подготвени не само за вработување веднаш по завршување на средното училиште, туку добиваат и подобра стартна позиција за запишување на техничките факултети, посочува МОН.

Дигиталниот саем го организира проектот „Образование за вработување во Северна Македонија“ и Македонскиот центар за граѓанско образование, со поддршка од Министерството за образование и наука и Амбасадата на Швајцарија.

Би можело да ве интересира

Започна полагањето на државната матура во учебната 2021-2022 година

Ана Ололовска

Нема договор, преговорите помеѓу СОНК и МОН продолжуваат за уште 10 дена

Ана Ололовска

Шаќири: Покачување на платите ќе има, најдобар интерес е учениците да се вратат на настава

Ана Ололовска

МОН: Настава мора да се организира и за време на штрајк

Ана Ололовска

„Помислете на нас“- мировен марш на средношколци во Скопје

Ана Ололовска

МОН: Се изработува Стратегија за паметна специјализација за модерен пристап и економски напредок на државата

Ана Ололовска