Царовска: Создаваме генерации кои ќе бидат активни предводници на борбата за почиста планета и здрава животна средина

Од:

Заложбите на Министерството за образование и наука и на Владата за поттикнување и развивање на критичкото мислење и свесноста за климатските промени и животната средина кај децата и младите се огромни и тие може да се видат веќе во пракса, бидејќи се дел и од реформските процеси кои започнаа од оваа учебна година во основното образование, истакна денеска министерката за образование и наука Мила Царовска на Младинскиот самит за климатски промени.

Како што информира МОН, таа се заблагодари на УНИЦЕФ и Шведската агенција за меѓународна соработка кои ја усвоија тригодишната програма за децата насочена кон унапредување на образованието за животната средина и климатските промени.

– Оваа програма е интегрирана во новите наставни програми подготвени со новата Концепцијата. Глобалното делување и широко искуство кое несебично го споделивте е непроценлив придонес кон обезбедувањето подобри можности и поквалитетно образование за нашите млади, рече Царовска.

Свеста за грижа кон опкружувањето, посочи таа, иницијално се развива преку едукацијата и воспитувањето внатре во семејството, но системски најдобро се врежува во карактерот и однесувањето на цели генерации, преку воспитно-образовниот процес во училиштата.

– Во училиште треба да се учи за грижата, љубовта и заштитата на животната средина и во тој дел институциите на системот и ние кои раководиме со нив, можеме многу да помогнеме и да придонесеме за поставеноста на образовниот систем. По ново, наставниците имаат можност освен преку редовна настава за време на часовите, туку и преку дополнителни воннаставни активности да ја подигнуваат свеста кај младите за овие важни прашања и со тоа да создаваат вистински носители на промени, со цел оваа планета да стане подобро место за живеење, рече Царовска.

Министерката истакна дека промени се започнати и во средното образование, особено во стручното кое е степен повеќе кон формализација на стекнатото знаење од примарната едукација.

-Зелените работни места се иднината на секоја држава, затоа навистина сите ресори треба да вложат максимални напори во создавање на овие работни места, а ние како креатори на образовните политики да создадеме наставни програми со кои ќе оспособиме кадри кои ќе може да одговорат на овие нови предизвици, рече Царовска.

На самитот говореа и претседателот на државата Стево Пендаровски, министерот за животна средина Насер Нуредини, амбасадорите на Шведска, на Обединетото Кралство и на Италија во Северна Македонија, Бенгстон, Галовеј и Силвестри, и претставници на Шведската агенција за меѓународна соработка.

Би можело да ве интересира

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите

МОН: Наместо на политички игри во училиштата, општина Тетово да се фокусира на квалитетна настава

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

Орце Костов