(ВИДЕО) Царовска и Шкријељ во Крива Паланка: Зголемен економскиот раст и платите

Од:

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска и дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ денеска ги посетија фабриките “Супер шуз” и “ХТЗ опрема” во Крива Паланка, каде, како што соопшти владината прес-служба, на средба со менаџментот и со вработените констатирале дека мерката за субвенционирање на придонесите за раст на плати дава резултати и оти платите се зголемени.

Со водење одговорни економски политики за две и пол години направивме вистински пресврт.

“Од негативна стапка од -1,8 проценти во вториот квартал на 2017 година сега имаме просечен раст на бруто домашниот производ од 3,5 проценти.

Преку мерките од Планот за економски раст, Оперативниот план за вработување и ФИТР и други мерки со над 100 милиони евра се поддржани околу 3.000 компании и бизниси.

Развојот на компаниите позитивно влијае и на работниците, во периодот на мандатот отворени се нови 59 илјади нови работни места и невработеноста е намалена на рекордно ниски 17,1 проценти, а во исто време за една година имаме реален пораст на просечната плата од пет проценти, која е исто така на рекордно високо ниво и изнесува над 25.700 денари.

Последната мерка за субвенционирање на придонесите за раст на плата се уште една мерка со која покажуваме дека се грижиме за економскиот раст и дека одлуките кои ги носиме како Влада. Мерката ја искористиле околу 20.000 компании кои ја зголемиле платата на 106 илјади работници”, изјави Царовска.

Шкријељ ги повика младите вработени во производство и во земјоделство од Крива Паланка да се пријавуваат во Центрот за вработување за да ја искористат можноста за месечен младински додаток.

“Го воведовме младинскиот додаток со којшто секое младо лице до 23 години кое е вработено и самовработено во компанија со претежно производствена дејност или како индивидуален земјоделец, има право да добие месечен надоместок од 3.000 денари.

Со овој додаток ги јакнеме младите и ги стимулираме да се вработуваат во производство”, рече Шкријељ

Би можело да ве интересира

Шкријељ: Изборот на 24 април е надеж и европска иднина со Пендаровски или безнадежност и враќање назад со Силјановска

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

(ВИДЕО) Шкријељ: Пендаровски е претседател на сите граѓани со визија за европска иднина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шкриељ: Програма за европска иднина: Бесплатен оброк, бесплатна екскурзија и 6.000 денари за секое прваче

(ВИДЕО) Шкријељ: Просечната плата на историски највисоко ниво од 40.000 денари

Горан Наумовски

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

Орце Костов