Царинско куче откри шверцери на марихуана

Од:

Запленети се 340 грама марихуана при контрола на патничко моторно возило со босански регистарски ознаки, што ја спроведоа  вчера на граничниот премин „Табановце„ македонски царински инспектори од Одделението за оперативни работи со помош на куче – трагач.

Според соопштението од Царинската управа на Македонија, марихуаната е пронајдена  при контрола на возило Шкода Октавија со босански регистарски ознаки, пријавено за излез од државава. Возилото го управувал босански државјанин со иницијали Х.Ф., со кој патувалo уште едно лице  Д.С., исто така босански државјанин.  Против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава поради основано сомневање за сторено кривично дело “Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

На прашање на царинските службеници, двете лица одговориле дека откако изнајмиле рент-а-кар возило, од Босна се упатиле кон  Македонија и неколку дена туристички престојувале во државата.

Возилото е селектирано за контрола, со помош на царинско куче кое при доближување кон задниот дел од возилото почнало да дава индикации дека внатре има нешто сомнително. По ова, веднаш е пристапено кон детална контрола и во фабричка шуплина на возилото, помеѓу задното лево крило и багажниот простор пронајдено е едно пакување  обвиткано со најлонска фолија и прелепено со кафеава селотејп трака, наполнета со тревкаста непозната материја. На тестер за наркотици НИК е утврдено дека се работи за наркотична дрога марихуана со тежина од околу 340 грама, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Србин преку „Табановце“ се обиде да пренесе 130 кг. марихуана сокриена во 14 патнички торби

Горан Наумовски

„Политико“: Белгија се претвори во нарко-држава

Албанските власти екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога

(ВИДЕО) Трамп: Ќе ги убиеме сите што внесуваат дрога во САД

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски

Голтна кеса со дрога додека бегаше од полицијата

А1он